Ви нудиме административна помош при:
- Изработка на табели со формули и дијаграми, внесување ваши податоци за разни евиденции, заради попис или магацинско раководење на разни артикли и продукти според категории влез-излез, водење архивска граѓа и влезно-излезна документација со системско бројче по категории, портфолиа за вработени по категории, листи за пациенти или ученици, итн;
Потребно ќе биде да нѝ доставите тип на податоци за обработка или нема да ни биде потребно ако станува збор за бланко документ (во зависност од договор и потреби) и сите детали кои ќе бидат вклучени во табелата. Ако пак се однесува за текстуална структура или дијаграмска, ќе ни требаат повеќе информации за темата да биде целосно опфатена. Ќе биде неопходно да одговорите или пополните одредени формулари. Обработката на табели се однесува за повеќе индустриски гранки и дејности. Имаме посебно изработени протоколи при пружање услуги и Ве молиме да ги почитувате ! Ве молиме, не нѝ доставувајте податоци и документи доколку не Ви ги побараме ! Во спротивно обратете се на друго место.
Кога станува збор за професионалност, ќе ни бидат потребни податоци вклучително и документи електронски доставени за полесна обработка и внес на податоци неопходни за вашето работно опкружување и потребите. Ние сме подготвени да Ви ја олесниме постапката полесно да внесувате секаков тип податоци со само еден клик. Ќе имате поголема достапност до податоците и сортирањето ќе Ви пружи повеќе опции за бирање или ажурирање.
*** Важно: Се обврзуваме за доследно и легално почитување на вашите податоци без злоупотреба на истите.