Translate page

уторак, 12. септембар 2023.

Како да постапите при барање или нудење услуга и да стекнете доверба

        Во денешно време се соочуваме со разни тешки моменти. Живееме во општество со намалени и сменети вредности. Среќаваме луѓе со различни мислења и погледи од нашите. Но, неретко настојуваме и да се спротивставиме на тие различности. Денес секој има прилика да ги покаже своите квалитети на разни начини, ако умее и знае како треба. Не постои простор останатите да бидат омаловажувани и деградирани.

        Без разлика дали станува збор за вкус, знаење или неумеење да ги распознаеме и прифатиме различностите, сами на себе си создаваме пат кон напредок или препреки при развој. Секоја личност поседува лични карактеристики преку кои се претставува себеси во околината. Најважно е пред сѐ да научиме да ја слушаме внимателно другата страна додека говори и да кажеме зборови кои нема да не стават во неповолна положба поради лошо резонирање. Ова значи добро да размислиме што ќе одговориме бидејќи со лош одговор ќе сносиме последици.

        Ако некоја личност е пообразувана од друга личност, не значи дека треба да го имплицираме тој карактеристичен дел кај другата страна. Самопочитта треба да нѝ биде на високо ниво за да можеме да бидеме почитувани и да ги почитуваме луѓето околу нас. Има личности кои се пониско образувани, секој од свои причини, но поседуваат способности кои може да нѐ изѐненадат. Затоа треба да знаеме дека не се суди според надворешаната слика. Умственоста и говорот имаат предност, запомнете. Ценете го говорот, ставот и размислувањето на секоја индивидуа. Овозможете им на нискофреквентните необразувани луѓе како што некој ќе ги нарече, да бидат дел од вашето опкружување. Насочете ги и помогнете доколку сте во можност.

        Револтираност и фрустрации не се решение при водење обичен разговор и контакт, било да се познавате или да не се познавате со луѓето. Тие водат кон конфликт и ве прават конфликтна личност. Несвесни дека спаѓате во таа група, грешките се повторуваат и повторуваат. Шаблонот кој го применувате ве заробува се подлабоко поради таквото размислување. Убедени сте дека тоа е најправилно. Погледнете длабоко кон внатре во вашите најмрачни делови од умот. Верувам дека ќе откриете колку сте биле погрешно програмирани. Прифатете дека има многу мудри луѓе освен вас на светот. Не сте единствените. Преценетоста не е врлина, туку маана. Лагата пак е посебна спецификација која треба да ја избегнувате. Живеејќи во тој свет се програмирате во робот кој функционира само на притискање копче. Кога ќе бидете откриени, ќе ви донесат уште поголеми невољи. Вака наталожените маани можат да ве однесат на сосема друга патека, од која тешко има враќање.

        Затое ве советувам, секој заслужува шанса. Секому му треба внимание и разбирање. Секој бара и треба да добие помош и поддршка. Секој е дел од оваа турбулентно транзитно општество. Затоа секој врви по патот како умее и знае. Дајте шанса секому. Себичноста и завидноста создаваат блокади и несоцијални суштества во несоцијални средини. Носете во себе доверба и споделете ја. Ако таа не постои длабоко внатре во вас, залудно е сѐ. Без доверба во себе не можете да стигнете каде посакувате. Без неа сте како скршен орев на кој му останала само тврдата скршена лушпа.

        Впрочем, ако не си веруваме едни на други, како мислите дека ќе напредуваме?

Најнова објава

Школи за студирање и платформи за упис

            Сакаме да ве запознаеме со порталите за студирање кои ги користиме.           Подолу ќе најдете линкови до самите платформи, а с...

Популарни објави