Translate page

четвртак, 31. август 2023.

Зошто ни е потребно `CV` или резиме за вработување?

 


    Ако сте во потрага по ново вработување или мотивација за промена на постоечката работа, најмногу ќе ви биде потребно да се претставите преку вашето резиме или кратка биографија. Составувањето на вакви биографии датира уште од времето на Леонардо Да Винчи во 1482 година. Со развојот на потребите на луѓето е унапреднато професионалното претставување при барање работа. Излегувањето на компјутерите на пазарот ја поедностави постапката за обработка на текст со помош на одредени алатки. Пристапот на барателите значително се олесни со појавата на онлајн пребарувачот Google. Со оваа алатка денес можеме да располагаме со безброј ресурси при барање работа. Апликантите успеваат да вметнат надоградувања на своите биографии додавајќи разни вештини и познавања кои ги поседуваат. 

    Пред се, важно е да се претставите во вистинско светло пред компанијата во која аплицирате како ваш иден работодавач. Неопходно е да одржите впечаток од првичниот контакт штом работодавачот го зема во раце читајќи како се опишувате себеси, во јасни, прецизни и кратки црти. Изберете стил на интелектуално претставување и изразување најблизок до вашите карактеристики. Хронолошко распоредување на вашето работно искуство ќе ги нагласи вашите способности и достигнувања во релевантнатиот работен сектор. Освен ваште технички способности, важен сегмент кон успешност е комфортнотно однесување кое ќе го презентирате пред лицето на оние што сакаат да ве вработат и ангажираат во својата компанија.

    Биографијата може да биде напишана и доколку немате работно искуство. А може и да ја пренамените за аплицирање во други држави. Во никој случај не смеете да дозволите резимето да нема никаква врска со работната позиција за која аплицирате. Особено бидете свесни кои детали се најбитни да ве опишат и да бидат составен дел во резимето или биографијата, притоа внимавајќи на детали на кои не им е место да се најдат таму. 

    Со концептот на составување кратко или долго резиме се покажува успешноста на апликацијата. Должината е од есенцијална суштинска важност да ве направи потенцијален кандидат. Не смеете да се обесхрабрите доколку компанијата не ве избере. Имајте во предвид дека поради внатрешната политика на компанијата, пресудна ќе биде и оценката дали би се вклопиле во новата работна средина и привлечноста од малиот заеднички интерес кој ќе го препознае регрутерот во вас.

        Не размислувајте и веднаш побарајте не' да ви ја олесниме постапката. Пишете нѝ во формуларот.

Најнова објава

Школи за студирање и платформи за упис

            Сакаме да ве запознаеме со порталите за студирање кои ги користиме.           Подолу ќе најдете линкови до самите платформи, а с...

Популарни објави